КУЛТУРА
6 мин читање
Претставена програмата за 16-то издание на фестивалот „МакеДокс“
Мото на 16. „МакеДокс“ е „Кому му е гајле за реалноста?“. На фестивалот ќе бидат прикажани 75 документарни филмски остварувања, а се очекува присуство на околу 100 гости од странство.
Претставена програмата за 16-то издание на фестивалот „МакеДокс“
Претставена програмата за 16-то издание на фестивалот „МакеДокс“ / TRT Balkan
13 август 2025

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ на 13 август во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ја одржа главната прес-конференција, на која беше објавена комплетната програма и сите фестивалски активности за 16-то издание на „МакеДокс“.

На прес-конференцијата се обратија Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, Петрула Вељановска, програмски координатор на „МакеДокс“, и Сара Ферро, раководител на индустри програмата на „МакеДокс“.

Мото на фестивалот „Кому му е гајле за реалноста?“

Фестивалот „МакеДокс“ ќе се одржи од 21 до 28 август со програма распоредена во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје. Мото на 16. „МакеДокс“ е „Кому му е гајле за реалноста?“. На фестивалот ќе бидат прикажани 75 документарни филмски остварувања, а се очекува присуство на околу 100 гости од странство.

„Бидејќи живееме во свет каде вистината се менува побрзо од нашата способност да ја сфатиме, и каде е тенка границата меѓу фактите и фикцијата, потребата да гледаме внимателно, креативно, критички и со грижа, никогаш не била поголема“, посочи Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот.

Филмови што нè соочуваат со низа социјални, културни, еколошки предизвици

Документарните филмови што ќе бидат прикажани на фестивалот отвораат прашања, нè соочуваат со низа социјални, културни, еколошки предизвици и ни покажуваат како други луѓе – од крв и месо како самите нас – се справуваат со овој свет во кој се чини дека ништо не мирува.

„Документарните филмови отвораат многу прашања кои нè мачат сите нас, од автор до публика, соочувајќи нè со низа на социјални, културни, безбедносни, како и проблеми поврзани со животната средина. Затоа, тие стануваат сè поважни во светот на филмот денес, претставувајќи своевиден документ за реалноста, каде што преку снимен и архивски материјал, доаѓајќи во допир со многу лични приказни и искуства освестуваме многу наши лични процеси и добиваме можност да ја споредуваме нашата реалност со реалноста на минатите генерации, дури и да ја претпоставиме реалноста на идните генерации. Тие се слика и прилика преку кои можеме да видиме како авторот, па и обичниот човек, без разлика на возраста, бојата на кожа, полот или дали доаѓа од село или град, се справува со овој свет во кој „сè тече и сè се менува“ “, истакна Петрула Вељановска, програмски координатор на „МакеДокс“.

Што нуди програмата на1 16-то издание на „МакеДокс“?

Програмата на фестивалот ќе се одвива во шест категории: Главна програма, Нови автори, Земја во фокус: Австрија, Кратки документарци, Студентска програма и Програма за деца и млади.

На отворањето на фестивалот на 21 август ќе бидат прикажани краткиот филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот филм „Само на земјата“ на Робин Петре. Во музичкиот сегмент „Ноќни приказни“ концерт ќе одржи гитаристот Мухамед Ибрахими.

Годинашниот фестивалски фокус ќе биде посветен на Австрија.

На фестивалот ќе се одржат македонски премиери на повеќе филмови, меѓу кои се „Планината не оди никаде“ на режисерката Петра Селишкар, „Земја и крилја“ на Стефан Малешевиќ, како и кратките филмови „Антигона“ на режисерите Ибер Деари и Мирсад Абази, „Печурки од минатото“ на Ханис Багашов, „Пејзажот на човековата суштина“ на чешката авторка Јана Хунтерова направен во соработка со „Арт-поинт Гумно“, „Кодот на Преспа“ на Никола Поповски, ќе се одржат премиери и на новите филмови произлезени од школата „Докуникулци“, а специјална проекција ќе има филмот „Вода и оган“ на мултимедијалниот уметник Киро Урдин.

Според фестивалската програма, на 24 август во 21 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Недна друга земја“ („No Other Land“) кој го го доби Оскарот за најдобар документарен филм во март оваа година.

Документарниот филм ја следи приказната за палестински активист кој се спријателува со израелски новинар за да му помогне во неговата мака за правда.

Во програмата на фестивалот се предвидени Мастерклас на „Solar Cinema“ и Патувачкото кино на „MaкеДокс“ на 23 август, од 11 до 13 часот, во „Лабораториум“ со тематски наслов „Носиме невидени филмови на необични места“, како и Мастерклас од Хуберт Зауфер со тематски наслов „Радикален минимализам во ’светската кинематографија‘“ на 24 август, од 11 до 13 часот, исто во „Лабораториум“.

Традиционално на фестивалот ќе се доделат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи, а во комисиите за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет.

Членови на комисиите се Марк Едвардс, Џејмс Берклаз-Луис и Маргарита Арсова за наградата „Кромид“, Вардан Тозија, Трулс Лие и Мара Прохаска Марковиќ за наградата „Млад кромид“, Памела Кон, Игор Прасел и Габриела Даниелс за наградата „Сечкан кромид“, Дина Покрајац, Танос Ставропулос и Неда Миланова за наградата „Кокарче“, Морин Принс, Мира Гаќина и Капка Касабова за Наградата за најдобри етички идеи.

МакеКоПроДокс - Единствена платформа за зајакнување на копродукцијата во областа на креативниот документарец низ Балканот

Во индустрискиот сегмент на фестивалот од 25 до 27 август во МКЦ ќе се одржи МакеКоПроДокс форумот. МакеКоПроДокс е единствена платформа посветена на зајакнување на копродукцијата во областа на креативниот документарец низ целиот Балкан. Од своето основање во 2019 година, во рамките на 10-тото издание на „МакеДокс“, Форумот прерасна во витално место за средби на филмски режисери, продуценти, професионалци од индустријата и претставници од филмските центри во регионот.

„Седмото издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи од 25-ти до 27-ти август 2025 година во МКЦ, обединувајќи филмски автори, продуценти и експерти од Балканот и Европа, со цел зајакнување на соработката во областа на креативната документаристика. Годинашното издание го поставува прашањето „Кому му е гајле за реалноста?“, истражувајќи ги креативните и етичките предизвици на раскажувањето во денешниот медиумски заситен свет“, истакна Сара Ферро, раководител на индустри програмата на „МакеДокс“.

Изложба на фотографии од Патувачкото кино на „МакеДокс“

На отворањето на фестивалот на 21 август во Куршумли-ан ќе биде поставена изложба на фотографии од Томислав Георгиев кои произлегоа од Патувачкото кино на „МакеДокс“ во Кочани. На 26 август во Сули-ан ќе биде поставена изложба на фотографии од уметникот со светско реноме Киро Урдин создадени во Долината Омо во Африка, која ќе биде проследена со специјална проекција на неговиот документарен филм „Вода и оган“.

Работилница на креативни докуметарни филмови

Во сегментот „МакеДокс+“ ќе се одржат Развојна работилница на креативни документарни филмови во рамки на МакеКоПроДокс форум, „Разговори под смоквата“, концерти во „Ноќни приказни“.

Партнери на „МакеДокс“ се ППФП, МКЦ - Младински културен центар, Кинотека на Република Северна Македонија и фестивалската мрежа „Doc Around Europe“.

Шеснаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенција за филм на Република Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Турскиот културен центар - Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, како и бројни други поддржувачи.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us