РЕГИОН
2 мин читање
Соренсен во Приштина со Османи и Курти за напредокот на дијалогот со Белград
Со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина беше разгледан процесот на конституирање на Собранието и другите институции, како и важноста на нивното демократското функционирање со цел унапредување на заедничките цели
Соренсен во Приштина со Османи и Курти за напредокот на дијалогот со Белград
Таа го нагласи значењето на интеграцијата на Косово во меѓународните организации, со посебен акцент на Советот на Европа / AA
пред ден

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, се сретна во среда во Приштина со косовската претседателка Вјоса Османи и вршителот на должноста премиер Албин Курти.

„Тука сум поради мојот мандат, да разговарам за тоа како да се спроведат договорите, бидејќи политичката ситуација тука значи дека работите можат да потраат подолго. Значи, ова е редовна средба. Мило ми е што сум тука“, рече Соренсен.

Како што објави Кабинетот на претседателот, Османи на средбата ја истакнала потребата од подобрување на процесот на европска интеграција на Косово, како и важноста од укинување на санкциите на ЕУ, кои најмногу влијаат врз граѓаните на Република Косово.

Како дел од дискусијата, беше разгледан процесот на конституирање на Собранието и другите институции, како и важноста на демократското функционирање на овие институции со цел унапредување на заедничките цели.

Косовската претседателка се осврна и на прашањето за произволните апсења на косовски граѓани од страна на Србија, барајќи „ангажман на меѓународната заедница за Србија да ги запре овие нелегални дејствија против граѓаните на Косово“.

Таа го нагласи значењето на интеграцијата на Косово во меѓународните организации, со посебен акцент на Советот на Европа, како и други важни организации.

Што се однесува до дијалогот меѓу Косово и Србија, Османи го нагласи значењето на фер и непристрасен процес, со поставување јасни цели, што би придонело и за подобрување на мирот, стабилноста и европската перспектива на регионот како целина.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us