РЕГИОН
2 мин читање
ДЗС: Во првата половина од годинава извезени стоки во вредност од 4,034 милијарди евра
Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
ДЗС: Во првата половина од годинава извезени стоки во вредност од 4,034 милијарди евра
ДЗС: Во првата половина од годинава извезени стоки во вредност од 4,034 милијарди евра / AA
6 август 2025

Во првите шест месеци од годинава од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 249 072,3 милиони денари или 4,034 милијарди евра што е пораст од 2,9 проценти  во споредба со истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2025 година, изнесува 349 611,4 милиони денариили 5,675 милијарди евра што е за 2,4 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Покриеноста на увозот со извоз е 71,2 процента.

Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во првите шест месеци од 2025 година земјава најмногу тргувала Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија, кои учествуваат со 47,3  отсто во вкупниот обем на размената. Во вкупната размена најголемо учество имаат земјите членки на Европската Унија со кои е реализирана 60,4 отсто од трговијата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us