РЕГИОН
2 мин читање
Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија во посета на Скопје
Генералштабот на македонската армија соопшти дека на официјалната средба помеѓу началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и генералот Влад е потврдена соработката помеѓу двете армии
Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија во посета на Скопје
Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија во посета на Скопје / AA
пред 14 часа

Делегација на Вооружените сили на Романија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Георгита Влад, престојува во официјална посета на АРМ.

Генералштабот на македонската армија соопшти дека на официјалната средба помеѓу началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и генералот Влад е потврдена соработката помеѓу двете армии, која во текот на претходната и оваа година се оценува како исклучително добра и на високо ниво.

Посебно била нагласена успешната соработка на полето на обуката и вежбите реализирани во рамките на иницијативата Б-9, како и во рамките на билатералните и регионалните активности.

На средбата романската делегација е запознаена со трансформацијата на Армијата, учеството на Армијата во меѓународни мисии на НАТО, ОН и ЕУ, како и со капацитетите на армискиот полигон „Криволак“.

„Дополнително се разговараше за заемна поддршка при исполнувањето на НАТО-целите на способности и подобрување на интероперабилноста, како и можноста за унапредување на билатералната соработка, вклучително и соработката во областа на специјалните сили“, се истакнува во соопштението.

Во рамките на посетата генералот Влад оствари средба и со министерот за одбрана Владо Мисајловски на која е разговарано за посветеноста на двете земји на зацврстувањето на источното крило на НАТО, за безбедносната состојба во регионот, како и за можностите за развој на билатералната соработка.

Покрај официјалните средби, во текот на денешниот ден романската делегација ќе го посети и баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“ во Скопје, каде што ќе биде запознаена со мисијата, опремата и вооружувањето со кое располага баталјонот и ќе присуствува на методско-показна вежба организирана од единицата.​​​​​​​

Утре во касарната „Боро Менков“ во Куманово романската делегација ќе присуствува на свечената церемонија за примопредавање на должноста на Политичко-воено-управувачкиот комитет и Координативниот комитет на СЕДМ, како и на одбележувањето на 26 години од формирањето на бригадата за Југоисточна Европа (SEEBRIG).

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us