КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Што некоја институција ја прави музеј?
Во новата дефиниција која ја претстави Меѓународниот совет на музеи, вклучени се зборовите како што се „диверзитет“, „одржливост“, „етички“ и „инклузивни“, што укажува на изменетата улога на музејот во општеството.
Што некоја институција ја прави музеј?
Во новата дефиниција за тоа што некоја институција ја прави да биде музеј, вклучени се зборовите како што се „диверзитет“, „одржливост“, „етички“ и „инклузивни“, што укажува на изменетата улога на музејот во општеството.     Фото: АА / Others
3 септември 2022

„Музеј е непрофитна, трајна институција во служба на општеството која собира, конзервира, интерпретира и го изложува материјалното и нематеријалното наследство.

Музеите се отворени за јавноста, достапни и инклузивни, негувајќи го диверзитетот и одржливоста. Функционираат и комуницираат етички, професионално и со учество на заедниците, нудејќи различни искуства за образование, уживање, размислување и споделување на знаење“.

Ова е новата дефиниција за тоа што некоја институција ја прави музеј, која по долга дебата ја претстави Меѓународниот совет на музеи (ICOM), организацијата во рамките на УНЕСКО која постои 76 години, а која е посветена на музеи на целиот свет, објави Арт Нет (ArtNet), интернет сајт посветен на глобалниот пазар на уметноста.

Од Меѓународниот совет на музеи истакнуваат дека новата дефиниција е резултат на „долг процес започнат во 2015 година“, иако на прв поглед не се разликува многу од постоечката, која последен пат е дополнета во 2007 година и суштински не е менувана од седумдесеттите години.

Сепак, во новата дефиниција се вклучени зборовите како што се „диверзитет“, „одржливост“, „етички“ и „инклузивни“, што укажува на изменетата улога на музејот во општеството.

„Старата дефиниција беше пасивна, истакнуваше само собирање“, рече Бруно Брулон, еден од членовите на комитетот кој го надгледуваше формулирањето на дефиницијата, укажувајќи на тоа дека новото објаснување е „многу поактивно“.

За новата дефиницијата гласаа дури 92 отсто од членовите на Општата седница на

ICOM одржана во Прага, што е големо поместување во однос на нивната претходна конференција одржана во 2019 година.

Тогаш дури 24 национални комитети гласаа против дефиницијата, бидејќи беше „премногу идеолошка“.

Одбиената дефиниција, која се состои од 99 зборови, ги спомнуваше музеите како „демократизирачки, инклузивни, полифони простори за критички дијалог за минатото и иднината“.

За да се утврди реалната улога на музеите, ICOM покрена 18 месеци долг процес кој подразбираше детално изјаснување на сите членови.

Секој збор од новата дефиниција е внимателно разгледуван, а спроведени се и четири рунди на консултации.

Откако се дефинирани 127 единствени зборови кои најчесто се повторувале во предложените дефиниции, направени се пет нацрти, а потоа претставена е и финалната верзија која е изгласана.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us