СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Анкета: 70% од Американците не сакаат Бајден повторно да се кандидира
Според анкетите спроведени ширум Соединетите Американски Држави, 70 отсто од Американците не сакаат актуелниот претседател Џо Бајден по втор пат да се кандидира на претседателските избори во 2024 година.
Анкета: 70% од Американците не сакаат Бајден повторно да се кандидира
Околу 70 отсто од американската јавност не сака Бајден да се кандидира за реизбор во 2024 година покажа анкетата спроведена ширум САД /  Фото: AA
12 декември 2022

Околу 70 отсто од американската јавност не сака Бајден да се кандидира за реизбор во 2024 година покажа анкетата спроведена ширум САД од телевизијата „Си-Ен-Си-Би-Си“ (CNCBC) и компанијата „Ол-Америка Економик Рисрч“ за изборите во 2024 година.

Според анкетата, најмалку 57 отсто од гласачите на Демократската партија изјавија дека демократскиот лидер Бајден не би требал да се кандидира за втор мандат, а тој процент бил 86 отсто меѓу републиканците и 66 отсто меѓу гласачите кои себеси се опишуваат како независни.

Процентот на оние кои мислат дека Бајден добро ја врши својата работа како претседател се намали од 46 отсто во октомври на 41 отсто во ноември, а процентот на оние кои рекоа дека не ја одобруваат политиката на Бајден се зголеми од 50 отсто на 54 отсто.

Само 14 отсто од испитаниците се изјасниле дека економијата е многу добра, додека стапката на оние кои изразиле одобрување на Бајденовата економска политика останала на 38 отсто.

Истражувањето, кое покажа дека огромното мнозинство од испитаниците не сакаат Бајден да се кандидира, наведувајќи ја неговата возраст и здравствената состојба, покажа дека 61 отсто од испитаниците не го сакаат поранешниот претседател Доналд Трамп, кој минатиот месец ја објави својата кандидатура за изборите во 2024 година.

Во анкетата 37 отсто републиканци, 61 отсто независни и 88 отсто демократи, рекоа дека не сакаат Трамп да се кандидира за втор мандат.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us