СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Туркије произведува и испраќа клучни технологии во вселената
Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган рече дека ИМЕЏЕ е најнапреден турски сателит за набљудување на Земата во контекст на резолуција на сликата, брзината на комуникацијата и маневрирањето.
Ердоган: Туркије произведува и испраќа клучни технологии во вселената
„Туркије веќе ги бере плодовите од националниот технолошки напредок, а целта е да се искачи во самиот врв на глобалната технолошка лига“, рече турскиот претседател Ердоган. / Others
15 април 2023

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган упати видео-порака по повод лансирањето во вселената на првиот национален сателит со висока резолуција за набљудување на Земјата.

„Гордо го лансиравме првиот сателит на нашата земја со висока резолуција во вселената како предвесник на векот на Република Туркије“, порача Ердоган.

Истакна дека ИМЕЏЕ е најнапреден турски сателит за набљудување на Земјата во контекст на резолуција на сликата, брзината на комуникацијата и маневрирањето.

„Туркије разви клучни технологии на сателитетот ИМЕЏЕ, вклучувајќи компјутер на летање и комуникациски системи. Туркије самостојно изврши дизајн, производство, монтажа, интеграција и тестирање на сателитот за набљудување ИМЕЏЕ. Овој сатели има можност за снимање во висока резолуција од подрачје на целиот свет преку својата електро-оптичка камера“, рече Ердоган и додаде: „Ние моментално произведуваме, извезуваме, па дури и испраќаме клучни технологии во вселената.“

Како што рече, Туркије досега во орбитата испрати и неколку комуникациски сателити.

„Од осум комуникациски сателити кои ги испративме во орбитата, три успешно ја завршија мисијата. Останатите пет комуникациски сателити активно и служат на нашата земја“, истакна Ердоган.

Напомена дека Туркије придава посебно значење на развојот на технологиите.

„Туркије веќе ги бере плодовите од националниот технолошки напредок, а целта е да се искачи во самиот врв на глобалната технолошка лига“, рече турскиот претседател.

Тој потсети колку напредувало вложувањето во вселенската економија во светот.

„Големината на глобалната вселенска економија пораска од 245 милијарди долари во 2009 година на 469 милиајрди долари во 2021 година“, нагласи Ердоган.

ИМЕЏЕ, првиот турски национален сателит со висока резолуција, го дизајнираше и разви Институтот за истражување на вселенските технологии ТУБИТАК.

Туркије успешно го лансираше во вселената првиот национален сателит со висока резолуција за набљудување на Земјата, наречен ИМЕЏЕ.

Првиот сателит од турско производство е лансиран утрово од базата на вселенските сили Ванденберг во американската сојузна држава Калифорнија во 8:48 часот по средноевропско време.

Со ова лансирање, Туркије првпат ќе има електрооптичка сателитска камера со висока резолуција во орбитата.

Орбитата на ИМЕЏЕ ќе се совпадне со Сонцето на височина од 680 километри и ќе служи во полето на одбраната, управувањето со катастрофи, животната средина и урбанизацијата, како и во земјоделството и шумарството.

Во текот на петгодишната мисија сателитот ИМЕЏЕ ќе снима слики од целиот свет.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us