СВЕТ
2 мин читање
Истражување: Пандемијата на Ковид-19 му наштети на здравјето на мозокот, дури и кај незаразените
Утврдено е дека стареењето на мозокот во пандемијата било „поизразено“ кај мажите, постарите лица и оние од посиромашните општествени слоеви.
Истражување: Пандемијата на Ковид-19 му наштети на здравјето на мозокот, дури и кај незаразените
Истражување: Пандемијата на Ковид-19 му наштети на здравјето на мозокот, дури и кај незаразените / AA
30 август 2025

Пандемијата на ковид беше штетна за здравјето на мозокот, дури и кај луѓе кои никогаш не биле заразени, покажа ново истражување. Научниците предупредија дека притисокот на кој луѓето беа изложени – од долготрајна изолација до неизвесноста што ја придружуваше кризата – можеби довел и до застарување на нивните мозоци.

Утврдено е дека стареењето на мозокот во пандемијата било „поизразено“ кај мажите, постарите лица и оние од посиромашните општествени слоеви.

Моделите за стареење на мозокот биле тестирани на повеќе од 15.000 здрави испитаници. Потоа биле применети на речиси илјада луѓе кои учествувале во долгорочно британско истражување под назив Биобанк, кое го следело здравјето на возрасни во средни години и на постари лица.

Половина од групата направиле снимка на мозокот пред пандемијата, а останатите – и пред и по глобалната здравствена криза. Откако ги проучиле снимките, научниците заклучиле дека пандемијата „значително“ го забрзала стареењето на мозокот. До овој заклучок дошле врз основа на староста на нивниот мозок по снимките во споредба со нивната вистинска возраст.

Научниците утврдиле дека снимките на мозоците на испитаниците по кризата во просек имале „за 5,5 месеци поголемо отстапување во староста на мозокот“

„Утврдивме дека пандемијата на ковид беше штетна за здравјето на мозокот и дека предизвика забрзано стареење на мозокот (...) независно од заразата со вирусот SARS-CoV-2“, напишаа стручњаците од Универзитетот во Нотингем во списанието Nature Communications.

Професорка по радиологија: Пандемијата изврши притисок врз луѓето

„Најмногу ме изненади тоа што дури и луѓе кои немале ковид имаа значително поголеми стапки на стареење на мозокот. Тоа навистина покажува колку самото искуство на пандемијата – сè од изолација до неизвесност – можело да се одрази врз здравјето на нашиот мозок“, изјави доктор Али-Реза Мухамади-Неџад, кој го водел истражувањето.

Научниците, исто така, истражувале дали заболувањето од ковид-19 имало влијание врз когнитивните способности на испитаниците, проучувајќи ги резултатите од тестовите спроведени во време на снимањето на мозокот. Утврдено е дека оние кои биле заразени изгледа имале послаби резултати на когнитивните тестови по пандемијата.

Професорката по радиологија Доротее Ауе, виша авторка на истражувањето, изјави: „Ова истражување нè потсетува дека здравјето на мозокот го обликуваат не само болестите, туку и нашата секојдневна средина. Пандемијата изврши притисок врз луѓето, особено врз оние кои веќе имаа некои проблеми. Сè уште не можеме да тестираме дали промените што ги видовме ќе исчезнат, но тоа е сосема можно и тоа охрабрува.“

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us