9 септември 2025
Најмалку осум лица, сите членови на исто семејство, загинаа во експлозија во западен Авганистан, објави локалната телевизија „Аријана њуз“.
Смртоносната експлозија се случила во куќа во округот Балаблок во покраината Фарах, изјави портпаролот на покраинската влада Абдул Малик Осама, додавајќи дека меѓу жртвите се и брачен пар и нивните шест деца.
Препорачано
Властите ја испитуваат причината за експлозијата.