Севернокорејскиот лидер Ким Jонг Ун изјави дека никој не може да го загрози статусот и безбедноста на неговата земја, објавија денеска државните медиуми.
„Нашата борба за изградба на моќна држава сега се гледа со гордост бидејќи нашата земја постигна исклучителен статус“, рече тој во говорот на церемонијата по повод денот на основањето на земјата вчера во Пјонгјанг.
Северна Кореја ја одбележа 77-годишнината од своето основање.
„Сега никој, на никаков начин, не може да го поткопа апсолутниот статус и безбедност на нашата земја, ниту пак која било сила може да го запре силниот тек кон ерата на просперитет што самите ја создадовме“, нагласи Ким.
Тој го истакна „достоинството и силата“ на Северна Кореја и вети дека нема да дозволи „судбината на земјата да биде оставена на плановите на странските сили“.
По ослободувањето на Корејскиот Полуостров од јапонската окупација на крајот од Втората светска војна, на северот беше воспоставен комунистички режим. Ново Врховно народно собрание беше избрано во август 1948 година, а нов устав беше усвоен на 3 септември. Демократска Народна Република Кореја (ДНРК) беше официјално прогласена на 9 септември 1948 година, со Ким Ил Сунг како нејзин прв премиер.