Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека „иднината на Западен Балкан е во Европската Унија (ЕУ)“.
Фон дер Лајен ја истакна важноста на членството во ЕУ за Западен Балкан во своето годишно обраќање за состојбата на Унијата на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.
„Само обединета и повторно обединета Европа може да биде независна Европа, поголема и посилна Унија која е гаранција за безбедност за сите нас. И затоа иднината на Западен Балкан, Украина и Молдавија е во ЕУ“, рече таа.
Говорејќи за независноста и судбината на ЕУ, Фон дер Лајен додаде:
„Тоа е она за што се бори Украина. И тоа е она што сите Европејци го заслужуваат. Бидејќи Европа е идеја – идеја за слобода и заедничка сила. Тоа беше идејата што ја водеше генерацијата по 1989 година кога Истокот и Западот се обединија. И денес е моќна како и тогаш. Затоа ги приближуваме идните земји членки кон нашата Унија. Мора да го задржиме темпото на овој процес заснован на заслуги.“