ТУРКИЈЕ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Шимшек: Предвидлива турска економија, клучна за просперитет
„Ќе дадеме приоритет на макрофинансиската стабилност со јакнење на нашиот институционален капацитет, во време на сѐ поголем глобален предизвик и геополитички тензии“, истакна новоименуваниот турски министер за трезор и финансии, Мехмет Шимшек
Шимшек: Предвидлива турска економија, клучна за просперитет
Шимшек во своето обраќање истакна дека главна цел на Владата ќе биде зголемување на општествената благосостојба. / Photo: AA
5 јуни 2023

Новоименуваниот министер за трезор и финансии на Туркије, Мехмет Шимшек, изјави дека без губење време, ќе започне среднорочна студиска програма, а воспоставувањето фискална дисциплина и осигурувањето на стабилноста на цените за одржлив висок раст ќе бидат главни цели.

Во зградата на Министерството свечено е спроведено примопредавањето на должноста, во која Шимшек ја презеде должноста од досегашниот министер Нуретин Небати.

Шимшек во своето обраќање истакна дека главна цел на Владата ќе биде зголемување на општествената благосостојба.

„Транспарентност, доследност, предвидливост и усогласеност со меѓународните норми се нашите основни начела во зголемувањето на општествената благосостојба. Туркије нема друг избор, освен да се врати на рационална основа. Предвидлива турска економија заснована врз правила ќе биде клучна за постигнување на посакуваниот просперитет. Ќе дадеме приоритет на макрофинансиската стабилност со јакнење на нашиот институционален квалитет и капацитет, во време на сѐ поголем глобален предизвик и геополитички тензии“, истакна Шимшек и додаде: „Ќе ги започнеме нашите среднорочни студиски програми без губење време.“

Според Шимшек, воспоставувањето фискална дисциплина и осигурувањето на стабилноста на цените за одржлив висок раст ќе бидат главите цели. „За нашата земја од витално значење е среднорочно повторно да ја намалиме инфлацијата на едноцифрена бројка, зголемување на предвидливоста во сите области и забрзување на структурната трансформација која ќе го намали дефицитот на тековната сметка. Наша главна политика ќе биде поддршка на Централната банка во борбата со инфлацијата низ фискална политика и структурни реформи што треба да се спроведат“, објасни Шимшек.

Истакнувајќи ја важноста на секој чекор што ќе се преземе и секоја одлука што ќе се донесе, во смисла на зголемувањето на довербата во Туркије и јакнењето на стабилноста, Шимшек му се заблагодари на својот претходник за вложениот труд.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us