ТУРКИЈЕ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган и Алиев разговараа за израелските масакри во Газа и за други теми
За време на средбата Ердоган изјавил дека Туркије го следи процесот на заминување на руските мировни сили од Карабах и дека со почит ги следи активностите за изградба и обновување на азербејџанските територии ослободени од ерменска окупација
Ердоган и Алиев разговараа за израелските масакри во Газа и за други теми
Ердоган ја поздрави одлуката на азербејџанскиот Парламент за формирање Меѓупарламентарна група за пријателство со Турската Република Северен Кипар / Photo: AA
11 јуни 2024

Претседателите на Република Туркије и Азербејџан, Реџеп Таип Ердоган и Илахам Алиев, вчера во Анкара разговараа за масакрите што Израел ги изврши во Газа, за градежните активности во ослободените азербејџански региони Карабах, како и за регионалните и глобалните прашања.

Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство соопшти дека Ердоган и Алиев се состанале во претседателската палата во Анкара.

„За време на средбата претседателот Ердоган изјавил дека Туркије го следи процесот на заминување на руските мировни сили од Карабах и дека со почит ги следи активностите за изградба и обновување на азербејџанските територии ослободени од ерменска окупација“, се вели во соопштението.

Нагласувајќи дека геноцидната практика на Израел во палестинските региони, особено во Газа, продолжува и дека Израел со овие злосторства ја загрозува и регионалната и глобалната безбедност, Ердоган истакнал дека трајно решение е формирање палестинска држава со Источен Ал Кудс (Ерусалим) за нејзин главен град.

Претседателот на Туркије додаде дека меѓународната заедница треба да изврши притисок врз Израел да го придвижи процесот во таа насока.

Ердоган ја поздрави одлуката на азербејџанскиот Парламент за формирање Меѓупарламентарна група за пријателство со Турската Република Северен Кипар, како и поканата до претседателот на Северен Кипар, Ерсин Татар, на Самитот на Организацијата на турските држави, кој ќе се одржи во Шуша во јули.

Изразувајќи благодарност до Алиев за поканата за климатскиот самит што се одржува во Азербејџан, Ердоган изјави дека Туркије ќе обезбеди секаква поддршка во текот на подготвителниот процес.

Ердоган најави дека на самитот ќе се одржат значајни настани во рамките на проектот „Нула отпад“, кој се спроведува под покровителство на неговата сопруга Емине Ердоган.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us