РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Доцни изградбата на италијански центри за мигранти во Албанија
Италијанскиот премиер Џорџија Мелони за време на својата посета во јуни најави отворање на центрите за денеска, но според неофицијални извори од италијанската влада се очекува тоа да биде одложено за најмалку десет дена.
Доцни изградбата на италијански центри за мигранти во Албанија
Отворањето на центрите за мигранти го договорија премиерите на Италија и Албанија Џорџа Мелони и Еди Рама / Photo: AA
1 август 2024

Доцни изградбата на италијански центри за мигранти во Албанија, чиј капацитет ќе биде 3.000 луѓе.

Во ноември минатата година, италијанската и албанската влада се договорија за изградба на два центри за прием и сместување на мигрантите спасени на италијански воени бродови. Отворањето беше одложено од планираниот мај до почетокот на август, но сега има знаци за ново одложување.

Тоа се два центри под италијанска јурисдикција. Првиот, во пристаништето во градот Шенѓин, ќе наменет за прием и идентификацијата на спасените мигранти. Директорот на пристаништето Сандер Мараши тврди дека центарот е подготвен за прием на мигранти повеќе од еден месец и затоа пристанишните активности нема да бидат попречени.

Ѓадер на 24 километри во внатрешноста на Албанија, веднаш до поранешниот воен аеродром ќе биде локацијата каде ќе има центар наменет за привремено сместување на барателите на азил. Сепак, неколку дена пред планираното отворање, работите се далеку од завршенит.

Во последните децении две третини од жителите на Ѓадер се иселиле. Многумина во ова гледаат можност и за заработка.

„Кога се започна, луѓето беа малку скептични. Но сега гледаат можност за подобар живот бидејќи центарот вработува, а луѓето се задоволни“, рече локалниот рече локалниот претставник Сандер Прека.

Капацитетот на двата центри ќе биде 3.000 луѓе. Теоретски, низ него годишно треба да минуваат 36.000 мигранти, исклучиво полнолетни мажи. Се вели дека успешните апликанти добиваат азил во Италија, која наводно потрошила дури 670 милиони евра за работата на двата центри во текот на пет години.

Албанија ќе биде одговорна за протерување на неуспешните кандидати и, според критичарите, тоа би можело да го интензивира мигрантскиот бран на Балканот.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони за време на својата посета во јуни најави отворање на центрите за денеска, но според неофицијални извори од италијанската влада се очекува тоа да биде одложено за најмалку десет дена.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us