Словенија е силен застапник на забрзан и поефикасен процес на проширување, без компромис со стандардите на Европската унија (ЕУ), објави словенечкото Министерство за надворешни и европски работи.
Традиционалната сесија со министрите за надворешни работи и специјалните претставници на Западен Балкан се одржува во рамките на Бледскиот стратешки форум.
„Словенија е силен застапник на забрзан и поефикасен процес на проширување, без компромис со стандардите на ЕУ. Проширувањето е геостратешка неопходност и мора да стане побрзо, попредвидливо и подинамично“, објави Министерството на социјалната платформа на американската компанија X.
Дводневен меѓународен форум започна во Блед во понеделник на кој ќе се дискутираат политички, безбедносни и развојни прашања и предизвици што влијаат на Европа и светот. Темата за оваа година е „Светот во бегство“.