СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Албанезе од ОН: Зошто Нетанјаху се уште не е во Хаг
„Како и Палестинците, Либанците знаат дека лажете“, рече Албанезе обвинувајќи го израелското раководство дека е „бескрупулозно“ и дека користи насилство за да ја одржи власта и да продолжи со „доселеничко-колонијалната агенда“
Албанезе од ОН: Зошто Нетанјаху се уште не е во Хаг
Специјалната известувачка на ОН за Палестина смета дека израелското раководство користи насилство за да се одржи на власт / Фото: DPA
24 септември 2024

Специјалната известувачка на Обединетите нации за Палестина, Франческа Албанезе, остро го критикуваше тврдењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека израелските воздушни напади врз Јужен Либан биле насочени исклучително кон Хезболах, нарекувајќи го тврдењето лажно.

„Како и Палестинците, Либанците знаат дека лажете“, рече Албанезе во објавата на социјалните мрежи, обвинувајќи го израелското раководство дека е „бескрупулозно“ и дека користи насилство за да ја одржи власта и да продолжи со „доселеничко-колонијалната агенда“.

Таа нагласи дека е можно израелското општество да е „премногу повредено, трауматизирано или индоктринирано“ за да види алтернативи за бескрајното војување.

Албанезе, исто така, праша зошто Нетанјаху сè уште не се соочил со правдата за воените злосторства, изјавувајќи дека и Палестинците и Либанците можеби се прашуваат „зошто сè уште не сте во Хаг“, мислејќи на холандскиот град во кој се наоѓаат Меѓународниот кривичен суд и Меѓународниот суд на правдата.

Израел започна серија воздушни напади врз Јужен и Источен Либан, а либанските здравствени власти соопштија дека најмалку 492 лица загинале, меѓу кои 35 деца, а 1.645 се повредени во нападите од вчераутро, кои принудија и илјадници цивили да ги напуштат своите домови.

Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелската војна во Газа, во која досега загинаа над 41.400 луѓе, од кои мнозинството се жени и деца, по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us