ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Турските сили неутрализираа лидер на терористичката ПКК во Сирија
Јашар Чекик, со кодно име Јашар Хакќари, кој се приклучил на терористичката организација во 1993 година, го организираше нападот врз жандармеријата Хантепе во Чукурџа во 2010 година кога загинаа шест војници
Турските сили неутрализираа лидер на терористичката ПКК во Сирија
Според МИТ, Чекик ги продолжил своите терористички активности во сирискиот регион Шехба / Photo: AA
2 декември 2024

Турската национална разузнавачка агенција (МИТ) неутрализира висок функционер на терористичката ПКК во операција во Тел Рифат, Сирија, соопштија денес безбедносни извори.

Јашар Чекик, со кодно име Јашар Хакќари, кој се приклучил на терористичката организација во 1993 година, го организираше нападот врз жандармеријата Хантепе во подрачјето на Чукурџа во источната турска област Хакќари во 2010 година. Во нападот загинаа шест војници.

Исто така, откриено е дека тој планирал и наредил терористички напади во 2011 година врз подрачјето на базата Кекликтепе што припаѓа на Командата на жандармеријата во Чукурџа и Командата на Првиот механизиран пешадиски баталјон во Чукурџа, каде што загинаа 24 војници, а еден беше повреден.

Според МИТ, Чекик, кој се наоѓаше на црвената листа на барани терористи на турското Министерство за внатрешни работи и беше баран со црвена потерница од Интерпол за извршување терористички напади против безбедносните сили во Туркије, Ирак и Сирија, ги продолжил своите терористички активности во сирискиот регион Шехба.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е наведена како терористичка организација од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us