СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Трамп објави мапа на САД која ја вклучува Канада како 51-ва држава
Трамп сподели две објави на платформата Тру Социал, една со мапа на САД и Канада со натпис „Соединетите Американски Држави“ над териториите на двете земји и друга каде Канада е покриена со американско знаме
Трамп објави мапа на САД која ја вклучува Канада како 51-ва држава
Многу луѓе во Канада би сакале таа да стане 51-та американска држава, рече Трампво понеделникот, откако канадскиот премиер Трудо поднесе оставка / Photo: Donald Trump Truth Social
8 јануари 2025

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска повторно предложи Канада да стане 51-та американска сојузна држава и на социјалната мрежа Тру Социал објави карта на САД која ја вклучува Канада.

Трамп сподели две објави на платформата, една со мапа на САД и Канада со натпис „Соединетите Американски Држави“ над териториите на двете земји и друга каде Канада е покриена со американско знаме.

Републиканецот неколку пати претходно предложи Канада да стане 51-ва сојузна држава, но вчера ја отфрли идејата за употреба на воена сила за припојување на Канада кон САД, но не ја исклучи можноста за економска принуда.

Новоизбраниот републикански претседател на Америка претходно изјави дека границата меѓу двете земји е „вештачка линија“ и се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за увозот од Канада, која извезува 75 отсто од стоките и услугите во САД.

Трамп во понеделникот, откако Трудо поднесе оставка како премиер и лидер на Либералната партија претходно истиот ден, рече дека би било добро Канада да се спои со САД и дека „многу луѓе во Канада би сакале таа да стане“ 51-та американска држава .

„Многу луѓе во Канада би сакале да бидат 51-та земја. Соединетите Американски Држави повеќе не можат да ги толерираат големите трговски дефицити и субвенции кои ` се потребни на Канада за да опстане. Џастин Трудо го знаеше ова и поднесе оставка. Ако Канада се спои со САД, немаше да има тарифи, даноците би биле многу пониски и би биле целосно безбедни од опасностите на руските и кинеските бродови кои постојано ги опкружуваат. Заедно, каква голема нација би била тоа!!!“, напиша Трамп.

Трудо ја отфрли таа идеја во понеделникот, велејќи дека „работниците и заедниците во двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и безбедносни партнери“.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us