Русија има „јасна, разбирлива позиција“ и аргументи за претстојната средба меѓу претседателот Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп во Алјаска, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Коментирајќи ги забелешките на Трамп дека има 25% шанси за неуспех во преговорите, Лавров, во интервју за рускиот телевизиски канал „Русија 1“, рече дека руската страна никогаш не прави предвидувања однапред.
„Знаеме дека имаме аргументи и јасна, разбирлива позиција. Ќе ја презентираме“, рече тој.
Лавров истакна дека веќе е направено многу за време на посетите на американскиот претставник Стив Виткоф, кој дејствуваше во име на американскиот претседател. „Се надевам дека ќе го продолжиме овој корисен разговор“, рече тој.
Путин и Трамп треба да се сретнат во Анкориџ, најголемиот град во Аљаска денеска, во обид да најдат заедничка основа за ставање крај на војната во Украина, која трае од февруари 2022 година.