Најмалку 1.000 луѓе загинале во лизгање на земјиштето во планините Мара во западен Судан, според бунтовничката организација Суданско ослободително движење/армија (СЛМ/A), која дејствува во тој регион.
Неколкудневните обилни дождови предизвикаа свлечиште во неделата, кое „срамни со земја“ голем дел од селото Тарасин, а само едно лице преживеало, според соопштението, објавено од Би-БИ-Си.
Движењето, кое контролира област лоцирана во регионот Дарфур, апелираше за хуманитарна помош од Обединетите нации и други регионални и меѓународни организации.
До вторник наутро немаше потврда од суданската влада.
Многу жители на федералната држава Северен Дарфур побараа засолниште во регионот на планините Мара откако војната меѓу суданската армија и паравоените сили ги принуди да ги напуштат своите домови.