Германија е последниот полуфиналист на Еуробаскетот откако Финска, Туркије и Грција претходно го обезбедија своето место меѓу четирите најдобри репрезентации.
Актуелните светски шампиони и бронзени медалисти од последното Европско првенство, го обезбедија своето место во полуфиналето на Евробаскетот во Рига со победата над Словенија од 99-91.
Словенија го започна натпреварот подобро, а по првата четвртина водеше со 11 поени разлика (32-21). На полувремето имаше +6 (51-45), а до крајот на третата четвртина водеше со девет поени разлика (74-65). Сепак, Германија го намали водството на 70-74 до крајот на третата четвртина, а на почетокот од последниот период направи серија од 7-0 за да поведе со 77-74.
Шест минути пред крајот на натпреварот, Германија имаше водство од 84-79, но Словенија не се предаде и го сврти резултатот со серија од 7-1 за да поведе со 86-85. Потоа следеше серија од 11-2 за Германија, по што Словенија не можеше да се врати во натпреварот.
Германија до победа ја предводеа Франц Вагнер со 23 поени и седум скока и Денис Шродер со 20 поени и седум асистенции.
Лука Дончиќ беше најдобар на теренот со 39 поени, десет скока и седум асистенции, но тоа не беше доволно за Словенците да ги изненадат фаворизираните Германци.
Покрај играњето, Дончиќ ја потроши и својата енергија во расправии со судиите, заработувајќи техничка грешка во првата четвртина и играјќи го поголемиот дел од второто полувреме оптоварен со четири лични грешки.
Тој не беше задоволен од судењето:
“Верувавме дека можеме да победиме и го покажавме тоа. Можев да играм подобро на крајот. Нема да кажам ништо за судењето, но ја добив првата техничка грешка по само две минути од натпреварот, кога извикав „Здраво“. Ова не треба да се случува во четвртфиналето, без оглед на името на кошаркарот. Целевме повисоко, за нас зборуваа со многу непочитување. Можевме да бидеме на одмор, но се боревме за секоја топка“, рече тој.
Клемен Препелич додаде 13 поени за Словенија.
Германија во полуфиналето ќе игра против Финска, која ја победи Грузија со 93-79 во четвртфиналето и за прв пат стигна до полуфиналето на Европското првенство.
Грција и Туркије ќе се сретнат во второто полуфинале.