Кошаркарската репрезентација на Туркије е првиот полуфиналист на Евробаскетот, откако ја победи Полска со 91-77 (19-19, 27-13, 19-18, 26-27) во четвртфиналниот натпревар во Рига, Летонија.
Туркије во полуфиналето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Грција и Литванија во вторник во 20 часот.
По целосно изедначена прва четвртина, Туркије почна да се одвојува во втората кога поведе со двоцифрена разлика (36-26), а на полувремето водеше со 46-32, правејќи огромен чекор кон полуфиналето.
Полска, предводена од хрватскиот стратег Игор Миличиќ, целосно се распадна на почетокот на второто полувреме. Во 27. минута, Туркије се одлепи со огромно водство од 63-40, кое дефинитивно го реши натпреварот. Во финишот турските кошаркари попуштија и му дозволија на противникот да ја намали разликата.
Најдобар играч на Туркије беше Алперен Шенгун кој имаше 19 поени, 12 скока и 10 асистенции, со што стана најмладиот кошаркар во историјата на Еуробаскетите кој остварил трипл-дабл.
Шејн Ларкин постигна 13 поени со пет скока и пет асистенции. Лошата вест за Туркије е повредата на Чеди Осман за време на натпреварот.
За Полска, Џордан Лојд и Матеуш Понитка постигнаа по 19 поени, а вториот додаде шест асистенции и шест скока.
Во среда ќе се играат преостанатите два четвртфинални натпревари, а ќе се сретнат Германија - Словенија и Финска - Грузија.