Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, во понеделник изјави дека, „за жал на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, нема да има граѓанска војна во Србија“.
„Пленковиќ вели дека Србија е на работ на граѓанска војна. И што уште? Тие толку многу го сакаа тоа и толку многу инвестираа во тоа. Тие знаат дека нивната стратешка цел - Александар Вучиќ да не е на чело на Србија, е единствениот начин да ја исполнат. За жал на некои, а за среќа на Србија и мнозинството нејзини граѓани, целиот наш народ, ова ниту е вистина, ниту ќе се случи“, објави Брнабиќ на социјалната мрежа X.
Пленковиќ претходно во понеделник на Бледскиот стратешки форум изјави дека е скептичен дека Европската Унија ќе се прошири до 2030 година, тврдејќи дека „Северна Македонија е блокирана, Србија е на работ на граѓанска војна, а Босна и Херцеговина е под постојана закана од отцепување“.