РЕГИОН
2 мин читање
Муцунски од Блед: Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални спорови
Муцунски го нагласи значењето на регионалната соработка и ја поздрави улогата на специјалните пратеници на ЕУ, укажувајќи дека нивниот ангажман е клучен за одржување на вниманието кон регионот
Муцунски од Блед: Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални спорови
Муцунски од Блед: Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални спорови / AA
2 септември 2025

Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, на покана на министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, утринава учествуваше и имаше обраќање на работен појадок со министрите од Западен Балкан и специјалните пратеници за проширување на Европската Унија, пренесува Анадолу.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во своето обраќање Муцунски ја истакнал клучната улога на регионалната стабилност и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, оценувајќи дека сегашните глобални кризи уште повеќе ја зголемуваат потребата од европска кохезија.

„Во свет на војни, безбедносни закани и економски шокови, Европската Унија и Западен Балкан имаат потреба еден од друг повеќе од кога било досега. Нашата стабилност е европска стабилност. Нашиот напредок е европски напредок“, нагласи министерот во обраќањето.

Муцунски истакна дека Северна Македонија останува посветена на европскиот пат и активно работи на реформите и имплементацијата на Планот за раст на ЕУ, посочувајќи дека процесот на проширување мора да биде заснован на заслуги и јасни критериуми.

„Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални спорови или прашања на идентитет. Ако тоа се дозволи, се ризикува не само застој на една земја, туку и губење на кредибилитетот на целиот процес“, потенцира Муцунски.

Муцунски го нагласи значењето на регионалната соработка и ја поздрави улогата на специјалните пратеници на ЕУ, укажувајќи дека нивниот ангажман е клучен за одржување на вниманието кон регионот и поттикнување на практични решенија.

„Веруваме во дијалог, веруваме во компромис кога тој е фер и заемен – и пред сè, веруваме во визијата за обединета, стабилна и просперитетна Европа со Западен Балкан во нејзиното јадро“, рече Муцунски во обраќањето.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us