ПОЛИТИКА
1 мин читање
Мицкоски: Во Европа ние сме една од државите со најниски цени за електрична енергија за домаќинства
„Она кое можам исто така да го кажам е дека во неколку периоди на регулирање на електричната енергија, откако е оваа Влада, ние немаме покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата, што не е случај во околината.“
Мицкоски: Во Европа ние сме една од државите со најниски цени за електрична енергија за домаќинства
Мицкоски: Во Европа ние сме една од државите со најниски цени за електрична енергија за домаќинства / MIA
пред 8 часа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека преку Mинистерството за енергетика, минерални суровини и рударство распишан е јавен повик на кој може да аплицираат оние семејства кои ги исполнуваат условите за субвенционирање за сметките на електрична енергија, и оти за тоа се предвидени 40 милиони денари.

„Она кое можам исто така да го кажам е дека во неколку периоди на регулирање на електричната енергија, откако е оваа Влада, ние немаме покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата, што не е случај во околината. Ако ги гледате другите држави ќе видите дека таму електричната енергија е покачена 15, 20, а во некои земји од соседството и 30 проценти“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека според Евростат и според сите останати параметри, ние сме држава во Европа која има една од најниските цени за електрична енергија за домаќинства.

Инаку, за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија можат да аплицираат лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, со целосно слепо лице и со целосно глуво лице. Со оваа програма се обезбедува финансиска поддршка од 1.000 денари месечно, во траење од 12 месеци, преку директно намалување на сметките за електрична енергија.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us