ПОЛИТИКА
3 мин читање
Трамп: Мислам дека Путин сака да „ја заврши работата“ на самитот во Алјаска
Постојат 25 проценти шанси оваа средба да не биде успешна, а во тој случај ќе се вратам дома и ќе ја направиме Америка повторно голема за шест месеци, рече американскиот претседател пред утрешната средба со Путин
Трамп: Мислам дека Путин сака да „ја заврши работата“ на самитот во Алјаска
Трамп одби да одговори дали е подготвен да ѝ понуди на Русија „економски стимулации“ за да ја заврши војната во Украина / AP
пред 6 часа

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес за радио „Фокс њуз“ изјави дека мисли дека претседателот на Русија, Владимир Путин, сака да „ја заврши работата“ на утрешниот самит во Алјаска.

На прашањето дали неговите закани за санкции можеле да влијаат врз одлуката на Путин да се согласи на состанокот, Трамп рече дека „сè има влијание“ и додаде дека секундарните царини против Индија „во суштина го спречиле нивното купувавање нафта од Русија“.

„Секако, кога ќе го изгубите вашиот втор најголем клиент, а веројатно ќе го изгубите и вашиот најголем клиент, мислам дека тоа веројатно игра улога“, рече Трамп.

На прашањето дали е подготвен да ѝ понуди на Русија „економски стимулации“ за да ја заврши војната во Украина, тој одби да одговори, објаснувајќи дека не би сакал јавно да ги покажува „своите карти“.

Тој постојано повторуваше дека Русија има огромен потенцијал во нафтата и гасот, што е многу профитабилен бизнис.

Трамп нагласи дека, сепак, првенствено е заинтересиран за сегашниот мировен договор и дека, доколку има напредок на средбата со Путин, веднаш ќе го покани претседателот на Украина, Володимир Зеленски, да дојде на местото каде што ќе се сретнат.

„Имаме идеја за три различни локации... вклучувајќи ја и можноста, бидејќи би било убедливо најлесно, да останеме во Алјаска. Ако има лоша средба, нема да се јавам на никого. Ќе си одам дома. Но ако има добра средба, ќе се јавам на претседателот Зеленски и на европските лидери“, рече Трамп.

На прашањето дали мисли дека средбата со Путин може да заврши со неуспех, Трамп одговори дека има 25 проценти шанси тоа да се случи.

„Постојат 25 проценти шанси оваа средба да не биде успешна, а во тој случај ќе се вратам дома и ќе ја направиме Америка повторно голема за шест месеци“, рече американскиот претседател.

Тој наговести дека, во тој сценарио, би можеле да следат санкции против Русија.

Според Трамп, главната цел на утрешниот самит е да се организира уште еден состанок - на кој би учествувал и Зеленски - со цел да се постигне договор, кој го спореди со „игра шах“.

Трамп рече дека тоа би вклучувало размена на територија и договор за границите.

Кога беше прашан дали ќе одржи заедничка прес-конференција со Путин, Трамп рече дека сигурно ќе одржи прес-конференција.

„Не знам дали ќе биде заедничка. Дури и не сме разговарале за тоа. Мислам дека би било убаво ако биде заедничка, а потоа одвоена“, рече американскиот претседател, додавајќи дека во секој случај ќе одржи прес-конференција, дури и ако преговорите не успеат.

Самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи утре во Анкориџ, Алјаска, во 11:30 часот по локално време.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us