ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп пред средбата со Путин: Украина сама ќе одлучува за територијални отстапки
Коментирајќи ги безбедносните гаранции за Украина, Трамп изјави дека тие се можни, заедно со Европа и други земји, но не во рамките на НАТО алијансата
Трамп пред средбата со Путин: Украина сама ќе одлучува за територијални отстапки
Путин доведува бројни руски бизнисмени, тоа е добро, ми се допаѓа што сакаат да работат, но нема да има работа додека не заврши војната, вели Трамп / Reuters
15 август 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, им рече на новинарите пред да се качи на летот за Алјаска, дека очекува конкретни резултати од претстојната средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, која е закажана за вечерва во воената база Елмендорф-Ричардсон во Алјаска.

„Нешто ќе произлезе од тоа“, им рече Трамп на новинарите за време на обраќањето од претседателскиот авион Ер Форс 1.

Зборувајќи за војната во Украина, Трамп рече дека рускиот претседател Владимир Путин верува дека офанзивата „му носи сила“, но дека, според него, таа всушност е штетна за Москва.

„Мислам дека во неговата глава му помага да постигне подобар договор. Но всушност, му штети. Ќе разговарам со него за тоа подоцна“, рече Трамп.

Кога беше прашан за можни територијални отстапки, американскиот претседател рече дека темата ќе се дискутира, но дека одлуката зависи од Украина.

„Ќе се разговара за територијални размени, но морам да ја оставам Украина сама да ја донесе таа одлука. Верувам дека ќе ја донесе вистинската“, додаде тој.

Коментирајќи ги безбедносните гаранции за Украина, Трамп изјави дека тие се можни, но не во рамките на НАТО алијансата.

„Можеби, заедно со Европа и други земји. Не во рамките на НАТО“, изјави тој.

Зборувајќи за економските односи со Москва, Трамп рече дека забележал дека Путин доведува бројни руски бизнисмени.

„Тоа е добро, ми се допаѓа што сакаат да работат, но нема да има работа додека не заврши војната“, заклучи Трамп.

Државниот секретар на САД, Марк Рубио, секретарката за трговија на САД, Хаурад Лутник, секретарот за финансии на САД, Скот Бесант, и директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ратклиф ќе бидат дел од делегацијата на Соединетите Американски Држави на состанокот со руската делегација во Алјаска, објави Ројтерс.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us