ПОЛИТИКА
2 мин читање
Калас: Притисокот за територијални отстапки во Украина е „руска стапица“
„Ако западнеме во оваа стапица дека вршиме притисок врз Украина, од што се подготвени да се откажат, тогаш повторно со ова ќе се соочиме, бидејќи агресијата на Русија ќе се исплати“, додаде шефицата за надворешна политика на ЕУ
Калас: Притисокот за територијални отстапки во Украина е „руска стапица“
Калас: Притисокот за територијални отстапки во Украина е „руска стапица“ / Reuters
пред 18 часа

Шефицата за надворешна политика на ЕУ предупреди против принудувањето на Украина да се откаже од делови од територијата, велејќи дека ова е всушност „стапица во која Русија сака да западнеме“.

„Потенцирам, целата дискусија се води за тоа од што треба да се откаже Украина, какви отстапки е подготвена да направи Украина, а Русија е таа која ја започна војаната, а не направи никакви отстапки“, изјави Калас

„Ако западнеме во оваа стапица дека вршиме притисок врз Украина, од што се подготвени да се откажат, тогаш повторно со ова ќе се соочиме, бидејќи агресијата на Русија ќе се исплати“, додаде таа.

Осврнувајќи се на самитот во Алјаска минатата недела меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, Калас рече дека Путин добил „сè што сакал“.

„Путин само се смее, не ги запира убиствата, туку ги засилува“, додаде таа.

Осврнувајќи се на потребата од „кредибилни и робусни“ безбедносни гаранции за Украина, Калас, сепак, призна дека во оваа фаза од преговорите нема многу конкретни чекори за одвраќачка сила.

„Најсилната безбедносна гаранција е силна украинска армија“, рече таа, нагласувајќи ја важноста од воспоставување гаранции кои „не се само на хартија“.

Калас рече дека од земјите-членки на „Коалицијата на подготвените“ зависи точно што можат да обезбедат.

Трамп во четвртокот изјави дека изгледите за мир меѓу Украина и Русија ќе станат јасни „во рок од две недели“.

Дискусиите околу мировните преговори и безбедносните гаранции околу војната меѓу Русија и Украина се интензивираа по самитот на Алјаска минатата недела меѓу Трамп и Путин, по што следеше состанок во Белата куќа меѓу претседателите на САД и Украина, заедно со шефот на НАТО и европските лидери, во понеделник.

Се вели дека главни точки на сопнување за потенцијален мировен договор се размената на територии и безбедносните гаранции.

Русија ги анектираше украинските региони Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје во септември 2022 година.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во средата изјави дека Москва мора да биде вклучена во разговорите за безбедносните гаранции на Украина.

Во меѓувреме, Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, изјави дека Москва нема да прифати „безбедносни гаранции“ во форма на трупи на НАТО во Украина како „мировни сили“.

„Експлицитно е наведено: НЕМА војници на НАТО како мировници. Русија нема да ги прифати овие „безбедносни гаранции““, рече тој во изјава преку американската компанија за социјални медиуми X.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us