СВЕТ
2 мин читање
Ердоган ги поздрави бродовите што минаа низ Босфорот од парадата „Сина татковина“ на ТЕХНОФЕСТ
Воените екипажи на бродовите го поздравија турскиот претседател со поздрав од 21 топ и традиционален специјален поморски поздрав.
Ердоган ги поздрави бродовите што минаа низ Босфорот од парадата „Сина татковина“ на ТЕХНОФЕСТ
Ердоган ги поздрави бродовите што минаа низ Босфорот од парадата „Сина татковина“ на ТЕХНОФЕСТ / AA
пред 15 часа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги поздрави бродовите на Турската морнарица што минуваа низ Босфорот во Истанбул.

Турскиот воен брод од домашно производство, воедно и најголемиот воен брод, ТЏГ Анадолу, ТЏГ Саварона, кој е наследство на основачот на Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк, како и ТЏГ Оручреис, ТЏГ Истанбул, ТЏГ Хејбелиада, ТЏГ Калкан, ТЏГ Аланија, ТЏГ Санџактар и подморницата ТЏГ Хизирреис минаа низ истанбулскиот теснец како дел од парадата „Сина татковина“ на ТЕХНОФЕСТ.

Парадата, која започна кај мостот „Јавуз Султан Селим“ во Истанбул, и беше следена со возбуденост од граѓаните, помина низ центарот на Саријер, Тарабја, Емирган, Канлиџа, Румели Хисари, линијата Кандили-Бебек, Ортакој и „Мостот на загинатите херои од 15 јули“.

Многу граѓани ја снимија парадата со своите мобилни телефони и ги споделија фотографиите на NSosyal користејќи го хаштагот #TeknofestMaviVatan (Текнофест „Сина татковина“).

Ердоган ја следеше парадата од работната канцеларија во „Долмабахче“.

Воените екипажи на бродовите го поздравија турскиот претседател со поздрав од 21 топ и традиционален специјален поморски поздрав.

Набљудувајќи ги бродовите од отворениот простор пред својата канцеларија, Ердоган ги поздрави екипажот и граѓаните кои беа на бродовите по повод церемонијата.

Претседателот Ердоган беше придружуван од првата дама на Туркије, Емине Ердоган, за време на поздравот.

Емине Ердоган беше облечена во бело, што е и бојата на Командата на поморските сили.

Парадата заврши откако турскиот претседател ги поздрави бродовите.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us