ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Уште едно палестинско дете почина од глад во Газа
Ахмад Самир Абдел Ал почина во болницата Насир во Кан Јунис, соопштија лекарите, според кои, тежината на детето во моментот на смртта била само осум килограми, што е далеку под очекуваните 12 килограми за неговата возраст
Уште едно палестинско дете почина од глад во Газа
Од почетокот на геноцидната војна на Израел на 7 октомври 2023 година, најмалку 160 Палестинци, вклучувајќи 91 дете, починале од глад и неухранетост / AA
1 август 2025

Двегодишно момче почина од тешка неухранетост во Газа, додека израелската блокада и воените напади ја продлабочуваат хуманитарната криза на територијата, соопштија локалните здравствени власти во четврток.

Ахмад Самир Абдел Ал почина во болницата Насир во Кан Јунис, соопштија лекарите. Тежината на детето во моментот на смртта била само осум килограми, што е далеку под очекуваните 12 килограми за неговата возраст.

Ахмед и неговото семејство избегаle од Рафаh, барајќи засолниште во импровизиран шатор во областа Ал-Маваси западно од Кан Јунис, каде што пристапот до храна, млеко и основни потреби е речиси невозможен поради израелските ограничувања.

Неговата смрт го нагласува растечкиот глад што ја погодува Газа, каде што блокадата наметната од Израел ги држи граничните премини затворени повеќе од пет месеци.

Од почетокот на геноцидната војна на Израел на 7 октомври 2023 година, најмалку 160 Палестинци, вклучувајќи 91 дете, починале од глад и неухранетост, според Министерството за здравство на Газа.

Светската програма за храна на ОН во вторникот предупреди дека еден од тројца луѓе во Газа поминал денови без храна, опишувајќи ја ситуацијата како глад од „најлошото сценарио“.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската војска спроведува брутални напади врз Газа од 7 октомври 2023 година, при што загинаа повеќе од 60.000 Палестинци, претежно жени и деца.

Немилосрдното бомбардирање ја уништи енклавата и доведе до недостиг на храна.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us