СПОРТ
1 мин читање
Едерсон од Сити се пресели во Фенербахче
Британските медиуми објавуваат дека Фенербахче платил 12,1 милиони фунти на Манчестер Сити за овој трансфер, а не е познато колкава е висината на договорот на Бразилецот
Едерсон од Сити се пресели во Фенербахче
Едерсон (32) беше член на Манчестер Сити од 2017 година, а за англискиот клуб бранел 372 натпревари и освоил 18 трофеи / AA
2 септември 2025

Досегашниот голман на Манчестер Сити, Бразилецот Едерсон, ќе ја продолжи кариерата во Фенербахче, објави денес турскиот фудбалски клуб.

Фенербахче во соопштението наведува дека постигнал договор со Манчестер Сити за трансфер на бразилскиот голман во турскиот клуб.

Едерсон пристигна во Истанбул за официјално да потпише договор со вицешампионот на Турција.

Британските медиуми објавуваат дека Фенербахче платил 12,1 милиони фунти за овој трансфер, но не е позната висината на договорот на Бразилецот.

Едерсон (32) е член на Манчестер Сити од 2017 година, а за англискиот клуб бранел 372 натпревари. Со Манчестер Сити освоил вкупно 18 трофеи.

„Ти посакуваме се најдобро Еди“, објави Манчестер Сити на својата официјална веб-страница.

Едерсон доаѓа на местото на ќуварот на мрежата на хрватската репрезентација, Доминик Ливаковиќ, кој, пак ќе ја продолжи кариерата во шпанскиот прволигаш Жирона, објави клубот од стадионот Монтиливи.

Ливаковиќ пристигнува во Жирона како позајмен играч од Фенербахче до крајот на сезоната.

Фенербахче е без тренер откако пред неколку дена му врачи отказ на португалскиот стратег Жозе Морињо.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us