Дипломирала на два факултети, учи трет и се занимава со сточарство
КУЛТУРА
5 МИН ЧИТАЊЕ
Дипломирала на два факултети, учи трет и се занимава со сточарство„Сакам да покажам дека сточарството не е само за мажи. По поддршката што ја добив јас, уште 10 жени во селото добија грант-поддршка. Ова за нив стана охрабрување и надеж...“, вели Дерја Ташар која живее во турското село Камишли.
Ташар, која пред две години аплицираше за „Проектот за развој на сточарството“ на општината, доби поддршка за 20 овци и на тој начин почна да се занимава со сточарство      Фото: АА / Others
19 јули 2022

Дерја Ташар (27), која дипломира на два факултета во Јуксекова, Туркије, и го продолжува своето образование на трет факултет, им даде пример на другите жени со својот успех во сточарството што го започна со грант-поддршка.

Ташар, која живее во селото Камишли, почнала да работи како социолог во Здружението на жени во Јуксекова откако дипломирала социологија на Универзитетот „Бингол“ и социјални услуги на Универзитетот „Анадолија“ во 2017 година.

Учествувајќи во проектите за општествена одговорност за жени и деца заедно со членовите на Здружението, младата претприемачка одлучува да се занимава со сточарство со цел да произведува и да ги поттикне жените на претприемништво.

Ташар, која пред две години аплицираше за „Проектот за развој на сточарството“ на општината, доби поддршка за 20 овци и на тој начин почна да се занимава со сточарство, што стана извор на егзистенција за нејзиното семејство.

Во исто време, Ташар минатата година за да го продолжи своето образование се запиша на Одделот за развој на деца при Универзитетот „Истанбул“, кој обезбедува образование на далечина.

Таа исто така го зголеми бројот на животни за кои се грижи на 45.

Ташар со својата решителност и претприемачки дух стана пример за другите жени кои сакаат да започнат или развијат бизнис. По Ташар уште 10 жени во селото почнаа да го користат проектот и да се занимаваат со сточарство.

Ташар, која ги молзе и стриже животните кои пасат на висорамнината Џевизли во регионот Даглиџа, ги подготвува испитите откако ќе се врати дома од висорамнината.

„Стана надеж за жените“

Ташар изјави дека започнала со сточарството откако учествувала во активности во рамките на Здружението и женската задруга за развој на земјоделството „Деметер“.

Посочувајќи дека бројот на овци го зголемила од 20 на 45, Ташар рече:

„Целиот ден ми е исполнет. Работам и во кооперативна задруга и се грижам за животните. Сакав да покажам дека сточарството не е само за мажи. По поддршката што ја добив јас, уште 10 жени во селото добија грант-поддршка. Ова за нив стана охрабрување и надеж. Доаѓаме на висорамнината Џевизли за да ги молземе овците и да им ја стрижеме волната. Им помагаме на мажите колку што можеме.“

Нагласувајќи дека сирењето, путерот и јогуртот што го прават од млекото што го произведуваат го продаваат во рамките на задругата, Ташар рече: „Татко ми не знаеше дека се пријавив за проектот. Ми рече дека ќе ја продаде својата кола и ќе купи овци. Потоа јас му кажав за проектот и го замолив да почека. Вечерта беа познати имињата на добитниците на грантот. И јас бев меѓу нив. Татко ми се израдува, не го продаде својот автомобил.“

Нергиз Ташар, тетка на Дерја Ташар, која има 4 деца, рече: „Одлучив да се вклучам во овој бизнис откако Дерја доби поддршка. Зедов 20 животни. Покрај мене уште 10 луѓе имаа корист од оваа поддршка. Доаѓаме на висорамнината и ги молземе нашите животни. Од млекото правиме сирење и путер. Млекото што ќе остане го продаваме. Би сакала и другите жени да се занимаваат со ваква работа. Ние придонесуваме во производството. Мене не ми е тешко бидејќи сакам да се занимавам со оваа работа.“

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us