Во нападите на украинската армија врз Русија во текот на минатата недела, 18 лица биле убиени, меѓу кои и едно дете, а речиси 130 лица се повредени, соопшти во вторник функционерот на руското Министерство за надворешни работи, Родион Мирошник.
Тој прецизираше дека во текот на минатата недела вкупно 145 цивили настрадале од украинско гранатирање, прецизирајќи дека 127 лица биле ранети, меѓу кои седум малолетници, и дека 18 лица загинале, меѓу кои и едно дете, пренесува ТАСС.
„Повеќе од 80 проценти од цивилите повредени во нападите на украинските вооружени сили беа жртви на напади од украински беспилотни летала од различни системи и модификации“, рече Мирошник.
Според него, минатата недела, жителите на Воронежската, Ростовската, Самарската и Пензенската област биле убиени од украински беспилотни летала.
Во исто време, додаде тој, цел на нападите на украинските трупи станале комерцијални згради, деловни објекти, приватни и станбени згради, јавен и приватен превоз.
Мирошник презентираше информации дека во овој период украинските вооружени сили испукале речиси 2,2 илјади различни видови муниција на руска територија.