СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Енис Барди допатува во Туркије да преговара за трансфер во Трабзонспор
Барди го изрази своето задоволство што е во Трабзон и рече дека остануваат одредени процедури за негов трансфер во клубот.
Енис Барди допатува во Туркије да преговара за трансфер во Трабзонспор
Енис Барди допатува во Туркије да преговара за трансфер во Трабзонспор     Фото: АА / AA
11 август 2022

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди кој настапува за шпанскиот клуб Леванте, пристигна во турскиот град Трабзон за преговори за негов трансфер во фудбалскиот клуб Трабзонспор.

По пристигнувањето во аеродромот на градот во северозападниот дел на Туркије, 27-годишниот играч од средниот ред во изјавата за новинарите го изрази своето задоволство што е во овој град. Тој рече дека остануваат одредени процедури за негов трансфер во клубот.

„Потоа останува да се претставам пред моите соиграчи и мојот тренер. За мене е голема чест што сум дел од шампионски клуб. Ова е нешто што долго го чекав, да играм во Лигата на шампионите и да ја добијам оваа шанса. Тоа е голем извор на мотивација за мене“, рече Барди.

Енис Барди потоа во придружба на клупските челници влезе во клупските простории.

Репрезентативецот на Северна Македонија постигна 23 гола и 13 асистенции во 148 натпревари во шпанската лига со тимот на Леванте. За репрезентацијата на Северна Македонија има постигнато 9 гола на 44 натпревари.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us