Украинскиот претседател Владимир Зеленски во врска со денешната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин изјави: „Време е да се заврши војната, а Русија мора да преземе соодветни чекори“.
Во објава на својот профил на Телеграм, Зеленски вели дека имал состанок со претставници на војската.
Тој наведе дека на состанокот разговарале за развојот на настаните на фронтот и дека продолжиле да ги одбиваат руските напади.
Осврнувајќи се на тешките борби во правец на градот Доброплија во регионот Донецк, Зеленски наведе:
„Денес беше одлучено дополнително да се зајакнат оваа и другите линии во регионот Донецк.“
Тврдејќи дека Русите се обидуваат да добијат предност на терен пред средбата меѓу Трамп и Путин, претседателот на Украина, истакна:
„Руската војска продолжува да трпи значителни загуби додека се обидува да обезбеди поповолни политички позиции за руското раководство на состанокот во Алјаска. Ги гледаме овие намери и ги информираме нашите сојузници за реалната ситуација.“
Посочувајќи дека чекаат информации за подготовките и резултатите од состанокот меѓу Трамп и Путин, Зеленски во објавата наведе:
„Важно е што овој состанок отвора вистински пат кон праведен мир и значајни преговори во трилатерален формат меѓу Украина, САД и Русија. Дојде време да се заврши војната и руската страна треба да преземе соодветни чекори.“
Украинскиот претседател Зеленски нагласи дека им веруваат на САД.