РЕГИОН
2 мин читање
ЕУ ги ослободи парите за Северна Македонија од првата транша од Планот за раст на Западен Балкан
Одобрени се околу 2,3 милиони евра како неповратна помош и околу 2 милиони евра како заем, кои ќе бидат достапни преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, и околу 3,7 милиони евра наменети за директна буџетска поддршка
ЕУ ги ослободи парите за Северна Македонија од првата транша од Планот за раст на Западен Балкан
Во оваа сума не се вклучени околу 3,6 милиони евра наменети за порамнување на дел од средствата кои државата претходно ги доби како претфинансирање / AP
пред 5 часа

Со Одлука на Европската комисија за спроведување за одобрување на првото ослободување на средства за Република Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, одобрена е првата исплата на средства за земјата, објави Министерството за европски прашања.

Со оваа Одлука одобрени се нето-износ од околу 2,3 милиони евра како неповратна помош и како нето-износ од околу 2 милиони евра како заем кои ќе бидат достапни преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и нето-износ од околу 3,7 милиони евра што го претставува преостанатиот дел од заемот наменет за директна буџетска поддршка.

Како што соопшти Министерството, во оваа сума не се вклучени околу 3,6 милиони евра кои се наменети за порамнување на дел од средствата кои државата претходно ги доби како претфинансирање.

„Средствата се обезбедени по доставеното Барање од страна на министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој како национален координатор за Инструментот за реформи и раст, во име на Владата на Република Северна Македонија, а преку Министерството за европски прашања, ја достави целокупната документација за чекорите од Реформската агенда 2024–2027, со рок на реализација декември 2024 година (односно февруари 2025 година)“, истакна Министерството.

„Барањето ги опфаќаше реформите во повеќе области: во делот управување со јавни финансии беа предвидени законски измени за поефикасно и транспарентно буџетско управување. Во областа енергетика беа воспоставени нови управувачки структури за спроведување на планот за праведна транзиција. Во областа деловна средина беа воведени нови правила за независност во управувањето со државните компании. Во областа владеење на правото беа предвидени мерки за редовно пополнување на позициите на судии и јавни обвинители согласно долгорочните проекции на надлежните совети“, се додава од Министерството.

Оттаму се истакнува дека според оценката на Европската комисија, целосно исполнети се два чекори, донесувањето на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и измените на Законот за трговски друштва.

„Ова претставува 40 проценти реализација на чекорите, односно 50 проценти во однос на средствата. За преостанатите чекори, Комисијата констатира дека не се целосно реализирани и за нив е предвиден грејс период до 24 месеци, односно до декември 2026 година. Тоа значи дека државата има дополнително време за нивна реализација и ослободување на останатите средства од вкупните алоцирани средства кои се во висина од околу 17,1 милион евра“, истакна Министерството за европски прашања на РСМ.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us