Кина возврати на таканаречениот економски притисок на американскиот претседател Доналд Трамп поради соработката со Русија која води војна во Украина, особено со набавката на енергенси.
„Кина не е ниту креатор ниту страна во кризата. Ние цврсто се спротивставуваме на користењето на Кина како изговор и цврсто се спротивставуваме на чинот на наметнување таканаречен економски притисок врз Кина“, изјави Гуо Џиакун портпарол на Министерството за надворешни работи.
„Ставот на Кина е објективен и фер во врска со украинската криза“, додаде Гуо.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги повика европските лидери да престанат да купуваат руска нафта за да извршат притисок врз Москва да ја заврши војната во Украина, според функционер на Белата куќа.
Тој, исто така, рече дека треба да се примени економски притисок врз Кина за она што тој го нарече финансирање на воените напори на Русија.