ПОЛИТИКА
1 мин читање
Њујорк Тајмс: Американски командоси убиле цивили во тајна операција во Северна Кореја во 2019 година
Цивилите нуркале по школки кога случајно наишле на одред на „Фоки“, кои се истовариле на брегот во текот на ноќта и отвориле оган и ги убиле сите на малиот рибарски брод, се вели во извештајот, без да се наведе бројот на жртви
Њујорк Тајмс: Американски командоси убиле цивили во тајна операција во Северна Кореја во 2019 година
Пентагон подоцна изјави дека убиствата на севернокорејските рибари биле оправдани и во согласност со правилата на службата / AP
5 септември 2025

Припадници на елитната американска воена единица- Морнарички Фоки (Navy SEALs) убиле неколку севернокорејски цивили во неуспешна мисија за поставување уреди за прислушување во Северна Кореја, за време на дипломатските разговори со висок ризик во 2019 година, објавија денес американските медиуми.

Повикувајќи се на неименувани извори, „Њујорк тајмс“ објави дека Доналд Трамп ја одобрил операцијата за време на неговиот прв мандат, додека бил вклучен во историски разговори со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Цивилите наводно нуркале по школки кога случајно наишле на одред на „Фоки“ кои се истовариле на брегот во текот на ноќта.

Американските сили отвориле оган и ги убиле сите на малиот рибарски брод, се вели во извештајот, без да се наведе бројот на жртви.

Пентагон подоцна изјави дека убиствата на севернокорејските рибари биле оправдани и во согласност со правилата на службата.

Од последниот самит меѓу Трамп и Ким во 2019 година, преговорите пропаднаа, а Северна Кореја продолжи да ги развива своите програми за нуклеарно оружје и балистички ракети.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us