Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар ја заврши формалноста во недела, во последната етапа од овогодинешниот Тур де Франс, и по четврти пат во кариерата победи на тешките искушенија на трката кој почна на 5 јули.
Погачар, кој вози за тимот УAE Тим Емирати, на тој начин по втор пат во кариерата ја освои титулата двапати по ред.
Претходно ја освои оваа трка во 2020, 2021 и 2024 година.
Во годините кога не се искачи на тронот, во 2022 и 2023 година, Данецот Јонас Вингегор славеше на Турот, со кого Погачар водеше големи битки на француските патишта ова лето.
Белгискиот велосипедист Ваут ван Ерт, возач на Висма, славеше во последната 21-ва етапа, која беше возење од 132,3 километри од Мант ла Вил до Париз, при што велосипедистите го поминаа поголемиот дел од времето во француската престолнина.
Долго време, шест возачи беа пред сите на улиците на Париз, вклучувајќи го и Погачар, кој ја прослави својата победа на Тур де Франс со стил. Освен што беше одличен на Пиринеите и Алпите, Погачар дури и ризикуваше во последната етапа, каде што се бореше за етапната победа до последните моменти.
Шест километри пред целта, на едно од кратките искачувања во Париз, Ван Аерт им избега на преостанатите петмина, а Погачар беше последениот што го „скрши“.
Тој ја задржа својата предност до крајот и победи со 19 секунди предност пред првите тројца придружници. Јонас Вингегор, втор во генералниот пласман на Турот, само ја заврши последната етапа и беше седум минути зад Погачар во Париз. Третото место во генералниот пласман го задржа Германецот Флоријан Липовиц пред Британецот Оскар Онли.
Поради дождливото време, лизгавите патишта и генерално опасните услови за велосипедистите во Париз, организаторите одлучија да ги замрзнат времињата, па немаше промени во генералниот пласман.
Погачар се изедначи со Британецот Крис Фрум со својот четврти Тур (2020, 2021, 2024, 2025).
Напред, со пет титули, се само Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индуреин.
„Тоа беше еден од најтешките, ако не и најтешкиот Тур на кој некогаш сум учествувал, Едноставно сум без зборови што го освоив мојот четврти Тур де Франс. Шеста година по ред сум на подиумот, а оваа победа е особено неверојатна за мене и многу сум горд што можам да ја носам оваа жолта маичка“, рече Погачар.