Десетте учесници во плејофот на Лигата на шампионите, кои се пласирааво оваа рунда на натпреварувањето преку третото коло од квалификациите, се познати по реванш натпреварите одиграни во среда.
Пласман во плеј-офот обезбедија Фенербахче, Карабах, Копенхаген, Ренџерс, Пафос, Црвена Звезда, Клуб Бриж, Ференцварош, Бенфика и
Македонскиот првак Шкендија го заврши својот настап во Лигата на шампиони, откако тимот од Тетово и по втор пат беше поразен од азербејџанскиот Карабах.
Вечерва во реваншот во Баку, Шкендија загуби со 5:1, а во Скопје 0:1.
Иако натпреварот одлично почна за тетовци, сепак во продолжението Карабах ја потврди фаворитската улога. Шкендија брзо ја анулира предноста од првиот натпревар кога во 10.та минута Фабриц Тамба постигна гол за 0:1.
Но потоа следеше целосен пресврт. Прво во 16.минута со автогол на Клисман Цаке, Карабах израмни, а две минути подоцна стигна и до водство од 2:1 со голот на Кади Боргес. Нариман Акунѕаде во 33.минута зголеми на 3:1, а првиот дел заврши со уште еден гол во мрежата на Шкендија. Марко Јанковиќ погоди од пенал во 35. минута за 4:1.
Натпреварот беше решен со голот на Леандро Андраде во 59. минута за конечните 5:1 за Карабах.
Шкендија сега ја чека двомечот за пласман во Лига на Европа, а ќе игра со бугарскиот претставник Лудогорец, кој вечерва загуби од Ференцварош. Натпреварите се играат на 21 и 28 август.
Фенербахче на Жозе Мурињо успеа да му се реваншира на Феенорд за поразот од 2:1 во Холандија.
Турските фудбалери први ја затресоа мрежата. Јусеф Ен-Несири го совлада Тимон Веленројтер во 28. минута, но голот беше поништен по асистенцијата на ВАР поради офсајд.
Следеше „луда“ завршница на првиот дел. Холандскиот тим поведе во 41. минута со голот на Ватанабе, но Арчи Браун израмни три минути подоцна. Пресвртот се случи во втората минута од судиското продолжение кога Џон Дуран постигна гол за 2:1.
Турскиот тим поведе со 3:1 во 55. минута со голот на Фред, а Јусеф Ен-Несири постигна гол во 83. минута за 4:1. Ватанабе со уште еден гол за гостите го намали водството во 89. минута, но Талиска го зголеми водството на 5:2 во петтата минута од судиското продолжение.
Резултати од 3.коло од квалификациите за плај оф на ЛШ
Карабаг - Шкендија 5:1 (прв натпревар 0:1)
Копенхаген - Малме 5:0 (прв натпревар 0:0)
Пафос- Динамо Киев 2:0 (прв натпревар 1:0)
Слован Братислава - Каират 1:0 (пенали 3:4) (прв натпревар 0:1)
Ференцварош - Лудогорец 3:0 (прв натпревар 0:0)
Црвена звезда - Лех Познањ 1:1 (прв натпревар 3:1)
Викторија Плзен - Ренџерс 2:1 (прв натпревар 0:3)
Фенербахче - Феенорд 5:2 (прв натпревар 1:2)
Клуб Бриж - РБ Салцбург 3:2 (прв натпревар 1:0)
Бенфика - Ница 2:0 (прв натпревар 2:0)