Кина тестираше лендер за слетување на астронаути на Месечината пред 2030 година
Тестот беше спроведен во покраината Хебеј на специјално подготвен терен, кој ја имитира површината на Месечината покриена со карпи и кратери, со рефлективен слој сличен на месечевата почва
Кина тестираше лендер за слетување на астронаути на Месечината пред 2030 година
Кинеската сонда Чанг'е-6 на површината на далечната страна на Месечината во јуни 2024 година / AP
пред ден

Кина го спроведе првиот тест на вселенското летало наменето за слетување на астронаути на Месечината, објави агенцијата „Кинески вселенски екипаж“, нагласувајќи дека ова е клучна пресвртница во планот првите кинески астронаути да слетаат на Месечината пред 2030 година.

Тестот беше спроведен во покраината Хебеј на специјално подготвен терен, кој ја имитира површината на Месечината покриена со карпи и кратери, со рефлективен слој сличен на месечевата почва, објави Ројтерс.

За време на верификацијата, биле проверени системите за слетување и полетување на лендерот под различни услови на работа.

Лунарниот ровер, наречен Ланџуе, што на мандарински значи „Прегрнете ја Месечината“, е дизајниран да транспортира астронаути помеѓу лунарната орбита и површината на Месечината.

Исто така, ќе служи како простор за живеење, извор на енергија и центар за собирање податоци за време на престојот на Месечината.

Во изминатите пет години, Кина веќе успешно спроведе повеќе беспилотни мисии, вклучително и собирање примероци и од блиската и од далечната страна на Месечината.

Доколку успешно изврши слетување со екипаж, Кина планира да развие „основен модел“ на Меѓународната лунарна истражувачка станица до 2035 година, во соработка со Русија.

Планираната база би вклучувала и нуклеарен реактор како извор на енергија.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us