ОпенАИ го претстави својот најнов модел ГПТ-5
ГПТ-5 е обучен да препознава кога задачата не може да се заврши, да избегнува шпекулации и да може појасно да ги објасни ограничувањата, што ги намалува неподдржаните тврдења во споредба со претходните модели, велат од ОпенАИ
ОпенАИ го претстави својот најнов модел ГПТ-5
Опен АИ очекува да достигне 700 милиони неделни активни корисници на ЧетГПТ оваа недела / Reuters
пред 7 часа

ОпенАИ го претстави ГПТ-5, најновиот модел од популарниот четбот за вештачка интелигенција , ЧетГПТ.

Новата верзија има напредни способности за пишување, поретко измислува одговори кога нема точни информации за прашањето, и подобро реагира на здравствени прашања со означување на потенцијални медицински загрижености, соопшти компанијата.

ГПТ-5 има “агентски” способности што значи дека може да извршува некои задачи и да носи одлуки без човечка интервенција.

Ажурираниот модел може да креира веб-страници, апликации и игри, и може да се интегрира со корисничките Гугл алатки.

Презентацијата покажа како ГПТ-5 може да генерира функционален софтвер базиран на едноставен текст. Од моделот беше побарано да се создаде апликација за учење француски јазик - со картички за учење, квизови и следење на напредокот - а резултатот беа две целосно функционални апликации развиени за неколку секунди.

„Се обидов да се вратам на ГПТ-4 и беше доста жално“, рече извршниот директор на ОпенАИ, Сем Алтман, и нагласи дека ГПТ-5 е како да имате тим од експерти со докторат во секое време.

Наместо директно да одбива да одговара на прашањата на корисниците доколку тие се потенцијално ризични, GPT-5 ќе користи безбедни дополнувања, што значи дека моделот ќе дава одговори на високо ниво во рамките на безбедносните ограничувања што не можат да се користат за да се предизвика штета.

„ГПТ-5 е обучен да препознава кога задачата не може да се заврши, да избегнува шпекулации и да може појасно да ги објасни ограничувањата, што ги намалува неподдржаните тврдења во споредба со претходните модели“, рече Мишел Покрас, раководителка во компанијата.

Откако го лансираше својот четбот со вештачка интелигенција ЧетГПТ во 2022 година, од ОпенАИ велат дека очекуваат четботот да достигне 700 милиони неделни активни корисници и оти се во преговори со инвеститорите за потенцијална продажба на акции со вредност од околу 500 милијарди долари.

ГПТ-5 денеска се воведува за корисниците на Фри, Плус, Про и Тим на ОпенАИ и во производите на Мајкрософт. Мајкрософт 365 Копилот добива ГПТ-5.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us