ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
ОН: Повеќе од 21.000 палестински деца станале инвалиди од почетокот на војната во Газа
Израел мора да спроведе посебни мерки за заштита на децата со инвалидитет од напади и да спроведе протоколи за евакуација, земајќи ги предвид лицата со инвалидитет, соопшти Комитетот на Обединетите нации за правата на лицата со инвалидитет
ОН: Повеќе од 21.000 палестински деца станале инвалиди од почетокот на војната во Газа
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека од почетокот на војната, 18.592 деца се убиени, додека 121 дете починало од глад / AA
пред 8 часа

Најмалку 21.000 палестински деца станале инвалиди од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, соопшти денес Комитетот на Обединетите нации за правата на лицата со инвалидитет (ЦРПД).

Палестинското Министерство за здравство, пак, соопшти дека 18.592 деца се убиени од почетокот на војната, додека 121 дете починало од глад.

Податоците од Палестинското централно биро за статистика покажува дека 39.384 деца во Газа изгубиле еден или двајцата родители, од кои 17.000 ги загубиле и мајката и таткото.

Околу 45.500 деца претрпеле повреди предизвикани од војната, од кои половина станале инвалиди, додаде панелот на експерти на ОН што се состанува двапати годишно во Женева.

ЦДРП истакнува дека Израел мора да спроведе посебни мерки за заштита на децата со инвалидитет од напади и да спроведе протоколи за евакуација, земајќи ги предвид лицата со инвалидитет.

Инаку, според ЦРДП, израелските повици за евакуација во Газа честопати не стигнуваат до луѓето кои страдаат од оштетување на слухот или видот, што ја прави евакуацијата невозможна.

Експертите посочуваат на друг проблем поврзан со евакуацијата, а тоа е што лицата со попреченост се принудени да бегаат во опасни и недостојни услови, како што е лазење низ песок или кал без помагала за движење.

Лицата кои страдаат од одреден степен на попреченост, истакнува ЦРДП, исто така страдаат непропорционално од недостиг на храна, вода за пиење и санитација и се зависни од други за да преживеат.

Одборот соопшти дека е информиран дека најмалку 157.114 луѓе биле повредени од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година до 21 август 2025 година, при што повеќе од 25 проценти се изложени на ризик од доживотна попреченост.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us