ПОЛИТИКА
2 мин читање
Зеленски: Територијалните отстапки нема да ја убедат Русија да ја заврши војната во Украина
Во последната недела, Русите извршија повеќе од 1.400 воздушни напади врз Украина, ние ги браниме животите на нашите луѓе и ја зајакнуваме воздушната одбрана, и дипломатијата мора соодветно да одговара на тоа, напиша Зеленски
Зеленски: Територијалните отстапки нема да ја убедат Русија да ја заврши војната во Украина
Тој оцени дека „мир преку сила“ е единствениот мир што може да се постигне со Русија / AP
11 август 2025

Територијалните отстапки нема да ја убедат Русија да ја заврши војната во Украина, а бидејќи Москва ја продолжува војната, таа заслужува посилен глобален притисок, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија одбива да ги запре убиствата и затоа не смее да добива никакви награди или бенефиции. Ова не е морална, туку разумна позиција. Отстапките (територија) нема да го убедат убиецот, само силната заштита ќе го направи тоа“, напиша Зеленски на својот профил на мрежата Икс.

Тој оцени дека „мир преку сила“ е единствениот мир што може да се постигне со Русија, додавајќи дека на него се работи дење и ноќе.

Тој изјави дека украинските сили држат позиции на фронтот и прават сè што е потребно за да го „уништат или протераат непријателот“.

„Во последната недела, Русите извршија повеќе од 1.400 воздушни напади врз Украина, а продолжија и со ракетни напади. Ние ги браниме животите на нашите луѓе и ја зајакнуваме воздушната одбрана. Вака изгледа воена ситуација. И дипломатијата мора соодветно да одговара на тоа“, напиша Зеленски.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно објави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 15 август во Алјаска за да разговараат за завршување на војната во Украина.

Тој додаде дека е отворен за можноста тоа да биде трилатерален состанок на кој би учествувал и Зеленски.

Блумберг објави дека американските и руските претставници работат на постигнување договор што би ја запрел војната во Украина и кој би ја потврдил руската контрола врз териториите што Москва ги окупирала од почетокот на инвазијата.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека претстојната средба меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, ќе покаже дали рускиот лидер е сериозен во врска со мирот.

„Следниот петок ќе биде важен, бидејќи Путин ќе биде тестиран колку е сериозен во врска со завршувањето на оваа ужасна војна“, рече Руте на Ej-Би-Си Њуз во неделата.

Руте изрази верување дека Трамп е „подготвен да изврши притисок врз рускиот претседател во врска со бруталната војна во Украина“.

„Верувам дека Доналд Трамп сака да ја заврши војната. Тој сака да стави крај на ужасната загуба на животи, огромната штета предизвикана на инфраструктурата во Украина“, рече Руте и додаде дека Трамп врши огромен притисок врз Русија, објави порталот Политико.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us