ВОЈНА ВО ГАЗА
1 мин читање
Најмалку 87 Палестинци загинаа во последните 24 часа
Меѓу жртвите се осум лица, меѓу кои и едно дете, кои починале од глад во последните 24 часа, па вкупниот број на Палестинци кои починале како резултат на глад се искачи на 188, вклучувајќи 94 деца
Најмалку 87 Палестинци загинаа во последните 24 часа
Дополнително, осум тела биле извлечени од урнатините предизвикани од претходните напади на израелските сили, објави Министерството за здравство / AA
5 август 2025

Најмалку 87 Палестинци, вклучувајќи 52 од нив кои се обидувале да земат хуманитарна помош, биле убиени во израелски напади низ Газа во последните 24 часа, а 644 биле ранети, објави денес Министерството за здравство во палестинската енклава.

Меѓу жртвите се осум лица - едно дете и седум возрасни - кои починале од глад во последните 24 часа, според соопштението, а со најновото пребројување, вкупниот број на Палестинци кои починале како резултат на глад се искачи на 188, вклучувајќи 94 деца, објавува Ал Џезира.

Дополнително, осум тела се извлечени од урнатините предизвикани од претходните напади на израелските сили, објави Министерството на Телеграм.

Во израелската војна во Газа, вкупно 61.020 Палестинци биле убиени, а 150.671 лица биле ранети од 7 октомври 2023 година, се додава во соопштението.

Вкупниот број на луѓе убиени додека чекале во ред за храна од 27 мај, кога Израел воведе нов механизам за дистрибуција на помош преку контроверзната Хуманитарна фондација за Газа, достигна 1.568, а 11.230 од нив се ранети додека се обидувале да набават основни потреби, се заклучува во соопштението.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us